Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска потпиша договор за заеднички настап на изборите со лидерот на Народното движење, Скендер Реџепи – Зејд во заедничкиот таканаречен „Европски фронт“.
Дурмиши: ДУИ ги мами граѓаните со слоганот „Не за Русија да за Европа“
За официјализирање на Европскиот фронт за парламентарните избори, синоќа зборуваше и министерот Крешник Бектеши.
Тој рече дека „официјализирањето на победничката коалиција на изборите ќе започне со Народното движење на Скендер Реџепи-Зејд, а потоа ќе следат други официјализирања со сите оние политички групи или невладини организации кои ќе се приклучат на овој трон кој ќе го предводи од лидерот Али Ахмети и Демократската унија за интеграција“.Се очекува во „Европскиот фронт“ да влезе и крилото од Алијанса за Албанците на Зијадин Села, ДПА на Мендух Тачи, ЕДП на Аријанит Хоџа.
Спроти блокот кој го предводи Ахмети, стои блокот на опозициските партии на етничките Албанци кои се здружија во коалицијата ВРЕДИ, составена од крилото АА на Арбен Таравари, Движењето Беса на Биљал Касами, Демократско движење на Изет Меџити, Алтернатива на Африм Гаши, а имаат поддршка и од Движењето Самоопределување од Косово.






