„Демократската унија за интеграција ги повика сите Албанци да се соберат денес, на 11 декември 2024 година во 9 часот пред Уставниот суд, во одбрана на албанскиот јазик. Соопштението доаѓа од ДУИ, од каде додаваат дека обединети мора да испратат порака за почитување на еднаквоста и демократските вредности.“ – објави ТВ Клан Македонија,
Во веста телевизијата го пренесува и другиот дел на соопштението на оваа опозициска албанска партија: „Ова е решавачки момент за иднината на нашата мултиетничка и демократска држава. Обединети и мирно да испратиме порака за важноста на почитувањето на еднаквоста, правдата и демократските вредности. Иднината е во наши раце!“





