Ахмети и ДУИ можат да ги кандидираат „Црниот“ Груби, иако се повлече од политиката, и „Црниот“ Мерко за локалните избори во 2025?!

„Можната кандидатура на Артан Груби, доверливиот човек на Али Ахмети, и на претседателот на општина Струга Рамиз Мерко, на следните локални избори во 2025 година, кои се двајцата на ‘црната листа’ на САД, ќе биде автогол за ДУИ и Али Ахмети.“ – изјави Марко Трошановски од Институтот за демократија од Скопје. Ова го објави ТВ Алсат во својата информација со наслов „Можното кандидирање на Груби и Мерко – автогол за ДУИ“.



Телевизијата објави: „Не верувам од практични причини дека ДУИ би ги кандидирала повторно. Многу е голема тежината на американското влијание, посебно врз албанското бирачко тело. ДУИ ќе си пука самата на себеси во ногата, ако ги кандидира таквите личности.  Тоа што е Мерко на функција само го покжува неговиот интегритет како личност.“ – рече Трошановски.

Против Мерко во моментов се активни осум предмети, но ниту еден од нив не добил судска одлука, иако поминаа десет месеци од почетокот на првото судење за луксузниот автомобил Ауди А6. „Судскиот совет досега требаше сериозно да реагира за овој случај, поради прикривањето, односно очигледното свесно и намерно одолговлекување на предметот, за да застари, како и во многу други случаи досега. Судскиот совет повторно не реагира. Нема ниеден аргумент да се каже дека работи професионално и одговорно. Нема никакво решение, барем за казнување на судиите, кои не постапуваат, или намерно предизвикуваат застарување на предметите.“ – нагласи Трошановски.

„Сите овие случувања укажуваат на недоволното ангажирање на судството.“ – велат од Коалицијата за правично судење. „Кога станува збор за овие случувања државата навистина не успева да одговори соодветно во врска со градоначалникот Мерко, кој е на црната листа повеќе од година и пол: има активни постапки против него, но повеќето од тие постапки, петнаесет или повеќе, застариле, а други постапки се во тек.“ – изјави Дарко Алексов од коалицијата за правично судење. Коалиција за правично судење.

Артан Груби вчера објави дека се повлекува од политиката, а Мерко продолжува да ја извршува функцијата градоначалник на Струга, појавувајќи се редовно на настани.