„Лидерот на ДУИ Али Ахмети од митингот во Чашка им испрати порака на македонските партии за нивниот пристап кон Албанците. Ахмети нагласи дека ‘* Македонија е држава на Албанците, но не и на Албанците, за кои тие сакаат да останат потчинети, без јазик, без знаме, како овчари“. – објави ТВ 21.
Во веста телевизијата дополнува: „Овој период помина! Ќе продолжиме да работиме за целосна еднаквост, за нашите права и за подобра иднина на секој граѓанин.“ – рече меѓу другото Ахмети.
Во врска со синоќешната партиска средба во Чашка Ахмети објави на својот фејсбук-профил: Вечерва во Чашка се покажа дека Албанците во * Македонија се пообединети од кога било досега во соочувањето со предизвиците, што стојат пред нив! По укинувањето на правото на изјаснување на етничката припадност, вклучувајќи го и укинувањето на балансерот, сега сме на прагот на укинување на Законот за употреба на албанскиот јазик. Тоа нема да го толерираме на ниеден начин! Тоа го докажавме и порано, кога со денови стоевме пред Уставниот суд, за да го одбраниме јазикот. Ова силно единство е јасна порака: Албанците се подготвени да застанат обединети и да ги бранат своите интереси во секое време, без двоумење.





