Ахмети за ВРЕДИ: Направија голема штета, ќе ни треба многу време за поправка

 

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средба со граѓани на Чаир ја критикуваше коалицијата ВРЕДИ оценувајќи дека тие направиле многу голема штета.



Ахмети рече дека патот напред е тежок поради политичките околности во кои се наоѓа државата.

„Не мислам дека нашите патишта што не чекаат напред се покриени со ловоров лисја, секако дека се тешки, но овие луѓе уште повеќе ни го отежнаа … бидејќи не ја научија националната историја дека злото секогаш доаѓало од нашиот народ.
Насекаде направија штети и ќе ни треба многу време за санирање“, рече Ахмети.