Ахмети е заложник на бомбите на Груби, екс министер со можна позадина на тешката состојба во која се наоѓа Али

Ахмети е заложник на бомбите на Артан Груби и на опасноста тие во даден момент да “експлодираат” доколку работите не одат како што треба за екс вицепремиерот.



Ова е став екс министерот за финансии и политички аналитичар Џевдет Хајредини кој дава можна позадина за тешката состојба во која се наоѓа Али Ахмети.

,,Политичката тежина на ДУИ и судбината на нејзиниот “лидер”, се во рацете на Груби и неговите “бомби”, пишува Хајредини.

Искусниот набљудувач на состојбите кој одлично ги познава политичките прилики индиректно дава до знаеше дњка е можно однесувањето на Ахмети и целата ДУИ да зависи од содржината на аудио материјалите кои се во посед на Артан Груби.

Груби подлоги време е избеган од Македонија и се крие најверојатно во Албанија.

Дали оваа реакција на Хајредини има врска со информациите дека ДУИ е подготвена да се реформира а за возврат да се откаже од Груби кој би завршил в затвор со Амина на Мала Речица не може да се заклучи од ставот на екс министерот.