Ахмети во Липково: Работеа да ме убијат политички, а ДУИ да ја погребаат!

„Сакаа и работеа да ме убијат политички, а ДУИ да ја погребаат! – кажа лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на партискиот собир во Липково, Кумановско.“ – објавија информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА и други медиуми на албански јазик во Македонија. Во вестите на овие медиуми засега нема детали дали кажал првиот интегративец „кој сакал и работел тој да биде убиен политички“ а „ДУИ да биде погребана“.



Липково е првото населено место, од каде што ДУИ ја започнува својата серија најавени средби со граѓаните-Албанци, откако барем засега идејата за одржување протести ја става во втор план.