Ахмети во воинствено видео во униформа на УЧК порачува дека „не загубил ниедна војна“! Се заканува ли со дестабилизација на државата?!

Видео со сцени од конфликтот во 2001-вата година, во кое во главна улога е лидерот на ДУИ Али Ахмети, се споделува масовно од функционери, членови и симпатизери на партијата. Ахмети на дел од кадрите во видеото носи униформа на УЧК и порачува дека „не загубил ниедна војна“! Се наметнува прашање: дали ова воинствено видео упатува порака дека Али Ахмети и функционерите на ДУИ се обидуваат да се заканат со дестабилизација на државата, откако не се повеќе на власт по 23 години?!  



Откако беше укинат балансерот, ДУИ и Ахмети постојано користат „стратегија и тактика“ на предизвикување етничка напнатост.