„Пријателството и стратегиското партнерство со Соединетите Американски Држави остануваат неотуѓива вредност за албанската нација. Непоколебливата поддршка на САД беше и продолжува да биде клучен столб во зајакнувањето на нашата позиција иво унапредувањето на правата на Албанците во регионот. Во оваа насока, улогата и придонесот на албанската дијаспора во САД беше и ќе остане клучен чинител за иднината не само на Албанците во * Македонија, туку и во сите наши етнички територии!“ – објави лидерот на ДУИ Али Ахмети по денешната средба со Илир Руси, Мартин Вулај и Бурим Реџај, претставници на Советот за албанско-американски односи, одржана во Тетово. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.
Во својата вест порталот дополнува: Ахмети со нив разговарал, како што наведува, за „случувањата во * Македонија и регионот, како и за геополитичките предизвици“.





