Македонската влада сеуште молчи за иредентизмот на албанската влада која што ја финансирала изведбата на плоштадот Скендербег во Тирана кој е поплочен со камени плочи од различни делови на Балканот на кои се изгравирани имиња на „Албански територии“. Меѓу регионите се наоѓаат и локации кои што се на територија на Македонија.
Според официјална Тирана овој проект има за цел да го симболизира „националното обединување“ и да ја означи европската иднина на албанските земји.
За разлика од грчкото министерство за надворешни работи кое ја обвини албанската Влада за „акција која негува и крие иредентизам“, официјално Скопје кое интензивно се обидува да ги подобри односите со сите свои соседи, сеуште молчи за провокативното однесување на Тирана.

– Го осудуваме поставувањето на камења од различни региони на Балканот, вклучително и од грчкиот регион Филиатес, на реновираниот централен плоштад во Тирана. Овие камења, на кои се впишани нивните региони од кои потекнуваат, претставуваат дело кое го симболизира „единството на албанските територии“’ и јасно е акција на државата која негува и крие иредентизам, изјави во врска со плоштадот грчкото Министерство.
Според Атина, иницијативата е „уште една провокација од албанската Влада, која отворено ги поткопува добрососедските односи“.
Македонската влада молчи и за обвинувањата на српскиот невладин сектор според кој Србија илегално ги протерува бегалците од Сирија и Ирак на македонска територија. (ЧИТАЈ ТУКА)





