Атина отфрла шпекулации дека е договорено „Нова Македонија“

Портпаролот на грчката влада, Димитрис Цанакопулос, на брифинг за новинарите рече дека „одбива да се вклучи шпекулации“ запрашан околу пишувањето на дел во албански медиуми дека бил постигнатдоговор за долготрајниот спор околу името.



Постои „прозорец на можности“ рече Цанакопулос, мислејќи на новите напори на специјалниот посредник на Обединетите нации, Метју Нимиц, за повторно засилување на разговорите.

„Не сме заинтересирани да ги разгориме шпекулациите во врска со разговорите за името, туку да продолжиме со преговорите на сериозен начин, за да можеме да најдеме решение во наредните неколку месеци за проблемот кој трае 25 години“, додаде тој, во врска со вчерашните гласини во текот на вчерашниот ден дека Атина и Скопје наводно се согласиle за име „Република Нова Македонија“.

Цанакопулос, исто така, не сакаше да зборува за „проблемите“ во владата откако високи претставници на помалиот коалициски партнер, Независни Грци, ја отфрлија можноста за подршка на предлог за име што ќе го содржи зборот „Македонија“.