Грција веќе потроши премногу дипломатски капитал на Балканот поради БЈРМ, прашање што можеше да се реши пред неколку години и под подобри услови.
Атина има одреден политички капитал на меѓународната сцена, а раководството во Атина мора да се погрижи да го потроши таму каде што се брои. Кога премногу фронтови се отворени, многу е тешко да се убеди другата страна да се фокусира онаму каде што е најважно.
Секоја земја треба да води строга надворешна политика и главната стратешка закана на Грција е Турција. Турција треба да биде главен приоритет на Атина.
Се разбира, и другите прашања од надворешната политика, како што се спорот за името со Република Македонија (ПЈРМ) или грчко-албанските односи, се важни, но тие не се прашања кои се на врвот на агендата, се вели во анализата на грчкиот „Катимерини“.
Следните месеци ќе бидат клучни во однос на балканскиот аспект на надворешната политика на Атина.
Новата влада во Скопје ја смени својата реторика и се чини дека е подготвена да ги усвои мерките за градење доверба и, можеби, прагматичен компромис во спорот за името. Атина има цврст договарачки адут во амбициите на ПЈРМ за ЕУ и може да истурка сеопфатно решение кое ќе ги штити виталните интереси на Грција.
Во однос на Албанија, се чини дека, и покрај некои неразумни и провокативни гестови направени од Тирана, навистина постои заедничка основа за постигнување решенија за проблемите со кои се соочуваат со децении.
Ни спорот во Скопје, ниту разговорите со Албанија нема бидат лесни да се решат. Добрите намери често испаруваат во политичката реалност на Балканот.
Атина во наредните месеци ќе има можност да утврди дали новото раководство во Скопје навистина сака чесно решение за спорот за името или дали тоа е едноставно ангажирање во ПР акробации во обид да ја доведе во заблуда Атина.
Би било многу лошо ако овие прашања станат предмет на политичка конфронтација дома. Во минатото, плативме голема цена за ова, бидејќи секоја партија се обидуваше да презентира цврст став, но не беше подготвена да потпише договор зад затворени врати.





