Вооружениот напаѓач кој се обиде да го убие поранешниот претседател Доналд Трамп вчера е идентификуван како 20-годишниот Томас Метју Крукс, изјавија извори за New Yoor Post.
Трамп се спасил за 3 сантиметри, куршумот го погодил во уво
Засега не се јасни неговите мотиви. Стрелецот бил застрелан од снајперисти на Тајната служба.
Според прелиминарните податоци, Крукс пукал од покривот на индустриска зграда која се наоѓа на околу 120 метри од бината на која стоел Трамп.
Пукањето се случило набргу откако Трамп го започнал својот говор, поради што Тајната служба брзо го извела од местото на одржување.
Трамп подоцна потврди дека бил ранет во увото и изгубил значително количество крв.
Едно лице загина, а уште две се повредени.
ФБИ соопшти дека немало претходни информации за обид за атентат.
Агенцијата вети дека ќе го именува напаѓачот откако ќе бидат 100 отсто сигурни.
Полицијата во Пенсилванија соопшти дека сè уште не може дефинитивно да го класифицира она што се случило како напад на осамен вооружен маж.
„Во овој момент немаме причина да веруваме дека има друга закана“, додаде потполковникот Џорџ Бивенс.





