Осумнаесетгодишната Јана Атанасовска испиша историја како прва Македонка што настапила во трка во Светскиот куп во алпско скијање, но остана без пласман во слаломот во фински Леви, откако не ја заврши првата трка со уште 22 натпреварувачки.
Американката Микаела Шифрин беше најбрза и во првото возење од првиот женски слалом сезонава, како и на крајот, забележувајќи ја својата 98. победа во кариерата.






