Астероид го „запали“ небото над Сибир (ВИДЕО)

Неверојатни снимки го снимиле моментот кога астероид се проби низ атмосферата на Земјата над Сибир, објави Дејли Мејл



Вселенската карпа, означена како COWECP5, се појави на ноќното небо во 23:14 часот по локално време (11:14 часот по средноевропско време) неколку часа откако системот за детекција на астероиди на НАСА го објави предупредувањето.

Локалните жители објавија видеа на социјалните мрежи на кои се гледа како астероидот се пробива низ ноќното небо и се распрснува во огнена топка пред да изгори во атмосферата.

Астероидот експлодираше во неверојатно црвено светло над Јакутија.

Министерството за вонредни состојби во Јакутија соопшти дека сите официјални лица биле ставени во состојба на готовност додека се приближувал астероидот, но истакна дека не е забележана штета по неговото спуштање.

„Жителите на областите Олекминск и Ленск можеа да забележат ноќе опашка слична на комета и блесок“, се вели во извештајот.

Телескопот на НАСА во Аризона го идентификуваше астероидот околу седум часа пред ударот, откривајќи дека е со дијаметар од околу 27 инчи (0,68 метри).