Џулијан Асанж беше ослободен од американскиот Федерален окружен суд на островот Саипан – дел од Маријанските острови кои припаѓаат на САД, откако судијата го одобри договорот постигнат меѓу основачот на „Викиликс“ и американското обвинителство.



Со ова завршува 14-годишната правна одисеја на Асанж, објави Ројтерс.

„Работев како новинар и го охрабрив мојот извор да ми даде информации за кои се вели дека се класифицирани за да ги објавам“, рече тој пред судот. „Мислев дека првиот амандман ја заштитува оваа активност, но прифаќам дека тоа е кршење на Законот за шпионажа“, додаде Асанж.

Тој е осуден на затворска казна во исто време кога веќе ја отслужил во британски затвор.

Истовремено на Асанж му е изречена доживотен забрана за влез во САД.

„Со оваа казна, ќе можете да излезете од оваа судница слободен човек“, рече судијката Рамона Манглона откако Асанж се изјасни за „виновен“ пред судот на американската територија на Северните Маријански Острови.

Тој се изјасни за виновен по обвинението за заговор за добивање и објавување доверливи документи во врска со националната безбедност на САД.