Поранешниот прв вицепремиер и висок функционер на ДУИ, синоќа преку објава на Фејсбук ги пофали албанските интелектуалци за писмото кое го испратија до Уставниот суд, во кое предупредуваат да не се „укинува“ Законот за јазици и да се внимава со одлуките за да не се наруши меѓуетничката кохезија во државата.






