Во недостаток на информации на темата каде е Артан Груби ТВ21 открива детали за бегството на екс вицепремиерот кој веќе десетина дена не е во Македонија и се бара со меѓународна потерница.
Екипата на ТВ21 била во Тирана, а по пат застанала на две бензински пумпи каде што прашала вработени на бензиските пумпи.
Вработените ги и формирале новинарите на телевизијата дека го виделе Груби како користи тоалет.
Од друга страна, ТВ21 во неформален разговор со институции во Тирана, дознава неофицијално дека не е регистриран формален влез на Груби во Албанија.
Од неколкуте институции со кои разговарале новинарите во Тирана им било речено дека не е добро да се шпекулира за присуство на Груби во Албанија особено со оглед на ризикот да се нарушат односите меѓу премиерот Еди Рама и коалицијата ВЛЕН, пренесува ТВ21.
Пред неколку дена вицепремиерот Изет Меџити изјави дека Груби е во Албанија.
Најчитани статии
Грчкото кралско семејство ја призна Република Грција, си го вратија и државјанството
Некој лаже а тоа најверојатно не е Таравари
За Петифер, бугарското малцинство во Македонија е фикција на Софија






