Во интерјву за емисијата 360 степени градоначалничката на Скопје упати навреди кон деканот на градежниот факултет кажувајќи дека тој е она лице кое по пижами давал дијагностика за мостот Беласица.
– “Он ли е истиот декан што од дома по пижами по телевизија даваше дијагностика на мостот, на тој мислите“ кажа Арсовска, каде веднаш потоа и беше сугерирано дека тој не давал за мостот дијагностика туку има кажано дека во Македонија не постои институција што би го испитала колку е тој мост безбеден и притоа на Арсовска и беше посочено дека ваквите квалификации “ по пижами “се непристојни од нејзина страна.
„“Вие да давате дијагностика за мост да ги плашите граѓаните на целиот град Скопје да кажувате нешто за кое не сте излегле на лице место да го погледнете и да направите било каква анализа, да тврдите и да сеете страв.
Деканот многу работи рече од кои ниту една не се воспостави дека е вистина“ кажа Арсовска.
На видеото по 45-та минута






