Досегашниот в. д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ Виктор Панчевски. Панчевски за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдии дека е разрешен од функцијата и од денеска не е директорот во јавното претпријатие.
Арсовска за нов директор го именува Тони Миновски кој е вработен во претпријатието.
Панчевски е разрешен по само 6 месеци откако беше поставен на раководната позиција на ова јавно претпријатие. Претходно беше вработен во ЈП „Паркови и зеленило“.
Миновски е петти директор на „Водовод“ за три години мандат на Арсовска.






