Градоначалничката на Град Скопје, му даде поддршка на претседавачот на Советот, Трајко Славески, на дневен ред на седница да се стави точката за приватните превозници, кои од вчера не сообраќаат низ градот, јави Слободен Печат.
Ова доаѓа откако Славески на ‘Х’ напиша дека приватните првозници бараат зголемување на цените на нивните услуги и ја прозва градоначалничката дека таа е сега на потег.
„Го охрабрувам Трајко Славевски, како што и веќе на писмено му одговорив во текот на седницата на Советот со доставување на мислењето од моја страна кое го бараше, да ја стави точката на приватните превозници на дневен ред и заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе ја поддржат и ќе прифатат зголемена цена за превоз на приватните превозници или не“, се вели во изјавата на градоначалничката Данела Арсовска.






