Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, одново не се појави пред советниците на Град Скопје на седницата за советнички прашања.
„Ние советничките прашања секогаш ги поставуваме до Градоначалник и секогаш бараме да добиеме устен одговор. Ако не е присутна Градоначалничката ние нема да учествуваме во работата на седницата“, кажа советничката од СДСМ, Љубица Јанчева.
Претседателот на советот, Трајко Славески рече дека испратил повеќе датуми до Арсовска за самата да одбере кога и одговара да дојде на седница, но одговор не добил.
„Мислам дека е беспредметно да даваме пауза и да чекаме да се појави Градоначалник. Најверојатно одлуката веќе е донесена.
Имајќи ја предвид досегашната пракса, констатирам дека не се исполнети условите за одржување седница за поставување советнички прашања“, вели Славески.






