На самитот G20 што се одржа во Бразил во периодот од 14-17 ноември, присуствувала и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, но информација за тоа немаше ниту од нејзинот кабинет, а немаше ниту било какво известување.
„За ова се дознаваме од официјалната страна на Советот на Европа каде градоначалничката Арсовска го преставувала Конгресот на Советот на Европа каде говорела за климатските промени и човековите права“, пишува Скопје Инфо.
Арсовска присуствувала на многу настани организирани од фондации и држави, но она што може да се забележи е отсуството на известување од страна на нејзинот кабинет за нејзините активности.





