Најпрестижниот светски медиум најстрого специјализиран за ракомет го избра голманот на Вардар за најдобар за 2017 година. Арпад Штербик го водеше нашиот тим во јуни во Келн до првата титула Европски првак, а потоа есенва ги направи црвено-црните несовладливи и во Лигата на шампионите и во СЕХА.
Инаку во идеалниот тим на „Хендбол планет“ доминираат играчи на ПСЖ, па освен Штербик, Бјарет Мирхол од Скјерн и Виктор Томас од Барселона сите останати: Карабатиќ. Ремили, Генсхајмер и Хансен се од францускиот тим.




