Второ писмо, овој пат со навредлива содржина за министри и претставници од власта и напишано на машина за пишување, било испратено од непознати лица, обелодени денес министерот за цивилната заштита на Грција, Никос Тоскас во интервју за ЕРТ.



Во писмото стои предупредување дека  „војската ќе влезе во парламентот“, пишува грчкото електронско издание „Прототема“.

Вчера, Тоскас објави дека министерот за надворешни Коѕиас добил писмо адресирано лично до него и неговото семејство во кое стои заканата „Имаме три куршуми за вас“.

Никос Коѕиас денес побара од политичките партии од медиумите од црквата да ги осудат ваквите заканувачки пораки.

Властите ги поврзуваат писмата со интензивираните преговори на релација Грција-Скопје за спорот околу името.