Арифи од АА од Тетово жестоко кон Таравари: Не лажи, ти не одиш напред, туку се криеш! Подготви се за октомври, нема да победиш, ниту ќе се спасиш!

„Активистот на Алијансата за Албанците од Тетово Латиф Арифи му одговори на Арбен Таравари по неговата објава на општествените мрежи во врска со состанокот на АА дека се за продолжување во Вреди.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Фол“, пренесувајќи ја пораката на Латифи, кој во неа жестоко му се обраќа на Арбен Таравари:
Заплашеност… Ти ја знаеш… Кога се меша со вината станува казна. Тивка, незапирлива.
Не лажи! Ти не одиш напред, туку се криеш.
Победа во октомври?
Блиску е… Но доаѓа да те открие, а не да те спаси!
Подготви се! – напиша Латифи на општествената мрежа.