Арифи: Децентрализацијата на власта и давањето локална автономија на областите со албанско мнозинство е најважен аспект на Рамковниот

„Еден од најважните аспекти на Охридскиот договор е децентрализацијата на власта и давањето локална автономија на областите со албанско мнозинство. Ова вклучува проширени овластувања за локалната администрација и поголема контрола врз ресурсите и услугите во овие области. Прашањата за правичната застапеност  и децентрализацијата и натаму се важни теми во политичките и општествените расправи во * Македонија. За да се постигне трајна стабилност и да се гарантираат целосни придобивки за сите граѓани, неопходно е да се подобри примената на овој договор.“ – нагласува д-р Беса Арифи, професорка по кривично право и криминологија во Правниот факултет на Штуловиот универзитет во Тетово, во својата колумна со наслов „Охридскиот договор: чекор напред за стабилноста и соживотот во Балканот“. Колумната ја објави информативниот портал на албански јазик „Порталб“.



Покрај другото, Арифи пишува: Еден од најважните аспекти на Охридскиот договор е децентрализацијата на власта и давањето локална автономија на областите со албанско мнозинство. Ова вклучува проширени овластувања за локалната администрација и поголема контрола врз ресурсите и услугите во овие области. Договорот ја призна и ја гарантира употребата на албанскиот јазик во администрацијата и во образовниот систем во областите каде Албанците се мнозинство. Регулирана е употребата на национални и културни симболи на етничките групи. Охридскиот договор претставува важен пресврт во историјата на * Македонија и на балканскиот регион. Овој историски документ, постигнат по напнат период и оружени судири, одигра важна улога во стабилизирањето на политичката и етничката ситуација во земјата, означувајќи успешен модел за решавање на слични конфликти.

Во 2001 година * Македонија се најде среде оружен судир меѓу владините сили и Ослободителната национална армија – УЧК. Овој судир избувна, поради вознемиреноста од дискриминацијата на Албанците во Македонија и барањата за повеќе права и застапеност. Постоеше опасност кризата да се претвори во граѓанска војна со големи размери, предизвикувајќи голема несигурност и напнатост во целиот регион. За да се спречи ескалација на судирот и да се најде мирно решение, меѓународната заедница, вклучително и САД, Европската унија и Обединетите нации, активно интервенираше. Напорите на меѓународните дипломати, вклучително и на американскиот дипломат Џејмс Пердју и на претставниците на ЕУ, доведоа до постигнување на Охридскиот договор.

Меѓутоа, во текот на неговото спроведување овој Договор се соочи со големи предизвици. Спроведувањето на некои аспекти од Договорот е бавно и имаше потешкотии во реализацијата на сите обврски. Прашањата за правичната застапеност  и децентрализацијата и натаму се важни теми во политичките и општествените расправи во * Македонија. За да се постигне трајна стабилност и да се гарантираат целосни придобивки за сите граѓани, неопходно е да се продолжи со подобрување на примената на овој договор и за справување со предизвиците кои продолжуваат да постојат.