Аргументите дека „не е реален влез на Р*М во ЕУ во 2030“ на експертот Селими наспроти „ЕУ- маглите“ на „Европеецот“ Бујар!

„Реално тешко е * Македонија и другите да влезат во ЕУ во 2030 година, но во новата ситуација во Европа постои веројатност ЕУ да биде поблага и да ги отвори вратите за Скопје. Има мислења дека властодршците во Скопје  се заинтересирани повеќе за помошта и парите од ЕУ, отколку за законите на ЕУ, кои треба да се усогласат и да се спроведат.“ – вели Селим Ибраими од Македонија, доктор по политички науки и експерт за меѓународна политика со насоченост на геополитиката и безбедноста во Европа и Балканот. Овие ставови тој ги изнесува во интервјуто, кое го објави информативниот портал „Порталб“ од Скопје под наслов „Ибраими: Не е реална 2030 година за зачленување на Р*М во ЕУ, направени се многу малку реформи“. Аргументите, кои ги изнесува д-р Селими во интервјуто, директно ги побиваат како бесмислени и неосновани лажните ветувања и „европските магли“, што ѝ ги „продава“ на јавноста потпретседателот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи, кандидат за прв „албански претседател на * Македонија“, кој веќе се рекламира себеси и како „европски претседател и „европски државник“, претставувајќи го главното и прво од своите десет ветувања – „членството на Македонија во Европската Унија до 2030 година“.



Покрај другите, Ибраими одговара и на следните прашања:

Како го гледате интегративниот процес на * Македонија во ЕУ, дали е реално дека таа ќе влезе во ЕУ во 2030 година? интеграциската 2030 година?

Селим Ибраими: Реално тешко е * Македонија и другите да влезат во ЕУ во 2030 година, но во новата ситуација во Европа постои веројатност ЕУ да биде поблага и да ги отвори вратите за Скопје. Сепак, тоа ќе зависи од определбата и напорите на владата во Скопје да ги спроведе реформите. Три децении * Македонија направи многу малку за влез во ЕУ. Затоа само меѓународната ситуација оди во прилог на брзо членство на * Македонија во ЕУ. Ако официјално Скопје го искористи овој момент, тогаш тоа би била најдобрата одлука по 1991 година

Дали реформите се доволни за интеграција на земјата во ЕУ, или треба да надвладее волјата на земјите од ЕУ?

Селим Ибраими: Сите влади направија многу малку за влез во ЕУ. Ова го докажуваат сериозните меѓународни извештаи, каде што со години се истакнуваат истите проблеми, а владата и правосудните органи продолжија со истото однесување и истите одлуки. Спроведувањето на реформите е во корист на * Македонија. Има мислења дека властодршците во Скопје  се заинтересирани повеќе за помошта и парите од ЕУ, отколку за законите на ЕУ, кои треба да се усогласат и да се спроведат. Обопштено гледано, има волја и тоа се гледа од помошта од 6 милијарди евра. Да се надеваме дека државите од регионот ќе го задржат европскиот курс, давајќи конкретни примери за ЕУ.