Арачиновец ограбил казино – приведен е

Припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле дваесет и деветгодишниот Б.Д. од село Арачиново кој ограбил казино.



Тој е осомничен дека влера околу 05.30 часот во казино во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, со употреба на сила над вработениот, одзел пари од касата.

„Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.