Западни медиуми известија за победата на Зоран Милановиќ на претседателските избори, кој поо вчерашната победа доби уште еден претседателски мандат, нарекувајќи го опозициски критичар на Европската унија и НАТО.
„Претседателот на Хрватска, поддржан од опозицијата, Зоран Милановиќ, критичар на Европската унија и НАТО, со големо мнозинство победи на реизбор за уште еден петгодишен мандат во неделата, победувајќи го кандидатот од владејачката конзервативна партија во вториот круг од гласањето, Јави Си-Ен-Ен
Милановиќ освои повеќе од 74 отсто од гласовите што е повеќе од убедлива победа над противкандидатот на ХДЗ, Драган Приморц, кој доби 25 отсто.
АП пишува дека резултатот е голем поттик за Милановиќ, кој е критичар на западната воена поддршка за Украина во војната против Русија.
„Милановиќ е и жесток противник на хрватскиот конзервативен премиер Андреј Пленковиќ и неговата влада“, додаваат тие.
АП пишува дека Милановиќ (58) е најпопуларниот политичар во Хрватска, а поради неговиот борбен стил на комуникација со политичките противници понекогаш го споредуваат со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
По гласањето, Милановиќ повторно ја критикуваше ЕУ дека е „недемократска во многу аспекти“ и дека ја водат неизбрани функционери.
Ставот на ЕУ дека „ако не мислите како мене, тогаш сте непријател“ е „психичко насилство“, рече Милановиќ.
„Не е модерната Европа во која сакам да живеам и работам“, рече тој.
„Ќе работам да го сменам тоа, колку што можам како претседател на една мала нација“, додаде Милановиќ.
Тие пишуваат и дека Милановиќ негирал дека е проруски настроен, но минатата година го блокирал испраќањето на пет хрватски офицери во мисијата на НАТО во Германија за да и помогнат на Украина. Тој, исто така, вети дека никогаш нема да одобри испраќање хрватски војници како дел од која било мисија на НАТО во Украина.Индекс.хр






