Апсолутна нервоза во Софија по ,,апсолутната провокација” од Мицкоски со која македонскиот премиер ја стави Бугарија во незгодна позиција.
Логичкото прашање на македонскиот премиер зошто Софија не бара промена на албанскиот устав поради нешто над 7 илјади Бугари што магично се појавија на албанскиот попис предизвика бура од реакции меѓу владејачките кругови во источниот сосед.
Никој во Софија нема одговор зошто за официјално 3500 и нешто Бугари во Македонија се бара промена на устав а за двојно повеќе во Албанија не се бара истото.
Но затоа нервозата во Софија каде никој не кажува зошто за Македонија и Албанија има различни аршини е огромна.
Прво со гнасотии реагираше Слави Трифонов чија партија е дел од новата влада.
Неговата реакција предизвика верижна официјална реакција и од бугарското МНР за на крајот да реагира и најмоќната бугарска политичка фигура.
Претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов ја оцени како апсолутна провокација изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во врска со впишувањето на Бугарите во македонскиот устав.
,,Зборовите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски се апсолутна провокација. Не треба да им се обрнува внимание. Тие можат да го прават тоа”, рече Борисов кој не кажа зошто од Албанија не се бара истото што се бара од Македонија.
Борисов додаде дека бугарското Министерство за надворешни работи соодветно одговорило на провокацијата без да даде одговор на прашањето од Мицкоски.
Премиерот Мицкоски одговарајаќи на пратенички прашања во Собранието, изјави дека суштинското прашање е зошто во Македонија, каде има околу 700-800 Бугари, кои декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот, треба да бидат ставени во Уставот, додека Албанија со 8.000 Бугари според бројките од пописот, го нема тој услов.







