Апсења во Кочани за „Пулс“: 13 нови осомничени меѓу кои началници и полициски службеници

Нови апсења за пожарот во Кочани. Приведени се началници и полицајци кои биле на смена кобната вечер. Според информации на Алфа, приведени се 13 лица: Т.Д (началник на крим полиција), Д.П (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М (началник на ОВР Кочани), К.Ј (началник на економски криминал при ПС Кочани), како и М.Р (полицаец кој бил на смена вечерта на несреќата).



За сите уапсени биле обезбедени соодветни докази за поврзаност со трагичниот пожар во кој животот го загубија 62 лица.

„Во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски сслужбеници. Соопштение ќе има во текот на утрешниот ден,” известија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Претходно, МВР извести дека поднеле три кривични пријави за различни временски периоди.

„Првата кривична пријава се однесува во временски период од 2022 до 2024 година вкупно против седум лица, од кој пет се активни полициски службеници и двајца се пензионери. Втората кривична пријава се однесува во временски период од 2012 до 2022 година вкупно против 10 лица од кои (двајца службени лица се повторуваат) четворица се активни полициски службеници и шест се пензионери. Третата кривична пријава се однесува во временски период од 2023 до 2024 година вкупно против тројца полициски службеници од кој еден полициски службеник се повторува“, рекоа од МВР.