Април го испраќаме со топло време – мај “ќе изненади”

Ведро и посвежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност предвидуваат метеоролозите за последниот ден од април.



Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.


Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во четврток попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер.

Во деновите од викендот ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од почетокот на следната седмица се очекуваат повремени врнежи од дожд и појава на грмежи.

Вo, мај во Македонија, но и во регионот ќе биде просечно топол гледано по температурите, иако, повремено е можно и негативно отстапување на температурите, поточно, да имаме поладно време и со потпросечни температури за овој месец.

Деталната прогноза на метеопрогнозерот Славчо Поповски на следниот ЛИНК.