Апел до хуманите граѓани: Да му покажеме на Бошко дека не е сам

Бошко Јанкулов на кој што му беше дијагностициран рак на карлица веќе подолго време е на лекување во Турција. Претстои операција за целосно отстранување на болеста.



Финансиските средства се целосно исцрпени и повторно му треба нашата помош за конечно да може да прооди. Неговата битка за целосно опоравување е при крај, но без вас не можеме да успееме, па ве молиме од срце кој колку може да донира или барем масовно да се споделува веста.

Може да донирате на овој линк.

„На младото момче сега му претстои нова операција, терапија со радио зрачење и имунотерапија, но илјадниците евра кои се потребни за нив, се недостижни за семејството. Претходно хуманите граѓани им помогнаа, а сега до нив повторно се шири апел за помош за да може младиот кавадарчанец да застане на нозе и своите соништа да ги претвори во јаве. Секој ден го почнува со молитва, а така и заспива навечер. Бошко Јанкулов од Кавадарци на вратот носи ланче со крст кој го бакнува три пати дневно и секоја лажица храна што ја јаде ја посветува на Бога. Молитвите и вербата му се ѕвезда водилка додека е далеку од дома и се бори за живот, а своето здравје го има доверено на лекарите во Истанбул. Дваесетгодишниот Бошко лани бил дијагностициран со рак на коски, карлица и бели дробови. Од тогаш, тој и неговата мајка се во Истанбул каде Бошко има третмани кои досега дале извонредни резултати“, пишува ММС.