Апел до Кнауф, опасна прашина им се заканува на илјадници граѓани

Граѓани на социјалните мрежи апелираат да се спречи опасната прашина која се заканува на здравјето на илјадници граѓани на градот Дебар и околните села.



Иако во постот на Фејсбук не се споменува ниту прозива директно името на одговорната компанија неофицијално се работи за австриската компанија Кнауф која има своја фабрика во Дебар и која е еден од наголемите светски производители на гипсени производи.

Со апелот да се спречи катастрофата граѓаните објавуваат фотографија на која се гледа бел облак од прашина за која се тврди дека е опасна најситна гранулација на гипсена прашина.

,,Прозивка за одговорните лица. Ова е атак врз градот и околината. Најситната гранулација од гипсената прашина лебди над градот Дебар и околината”, стои во објавата на социјалните мрежи.