Крајно невообичаено, скопска Апелација го одби барањето, актерот Владо Јовановски за кого беше побаран домашен наместо затворски притвот, да замине дома.
Апелациониот суд Скопје одлучил дека по одржаните јавни и нејавни седници на 11 и 10 јануари донел одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје, јавува порталот sudstvo.mk.
Решенијата се донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година и тоа за обвинетите Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Раудлов, Богдан Илиевски и Илија Славевски.
Се очекува Апелација да ги соопшти одлуките за жалбите на уште седум обвинети кои се жалеа за изречената мерка притвор.




