Британецот во Кардиф го победи Карлос Такам со прекин (технички нокаут) на мечот во десеттата рунда и ги задржа светските титули во тешка категорија во WBA, IBF и IBO верзиите. Џошуа беше подобар во сите рунди, Французинот со камерунски корени имаше проблем со двете аркади, па исходот на мечот беше извесен долго пред прекинот, кој пак и не мораше да се случи зошто Такам и не беше така разнишан за да не може да продолжи.
Ова беше прва одбрана на појасите што 208 сантиметри високиот колос од Ватфорд ги освои во април на Вембли кога беше подобар од Владимир Кличко. Антони Џошуа сега има 20 победи во исто толку профи мечеви, а сите беа завршени со прекин.
Џошува вечерва заработи 15 милиони фунти, а Такам помалку од пет.





