Антонио Бандерас ќе го игра Пикасо

Шпанскиот актер Антонио Бандерас ќе го игра Пабло Пикасо во телевизискиот серијал од десет епизоди посветен на бурниот живот на славниот уметник, во режија на Рон Хауард.



Бандерас ќе ја игра главната улога и во филмот на Карлос Саура за 33. дена во кои Пикасо го насликал ремек-делото „Герника”.

Се чини било предодредено Антонио Бандерас, кој како дете секој ден одејќи на училиште поминувал покрај родниот дом на Пикасо, еден ден на филм да го одигра големиот уметник.

Со години Бандерас, вториот најславен син на Малага, ги отфрлал понудите да го игра големиот уметник, знаејќи дека „ќе биде гледан под лупа“.

Но, на крајот, Бандерас рекол „да“. И тоа два пати.