Антим Поповски, возобновителот на МПЦ-ОА и борец за духовно-национална слобода на македонскиот народ – 38 години од смртта

На денешен ден, на 31 март во 1987 година почина Антим Поповски, македонскиот свештеник, учесник во Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, борец за духовната и национална слобода на македонскиот народ. Тој има дадено немерливо важен придонес во возобновувањето на Македонската православна црква, олицетворена во Охридската архиепископија, како и во воведувањето на мајчиниот македонски јазик во богослужбите на црквите и манастирите на МПЦ-ОА. Антим Поповски го иницирал Првиот свештенички собор на кој се поставени темелите на МПЦ. Според одлуките на собирот, откажана била секаква јурисдикција на туѓите цркви врз Македонската црква, а во црковната администрација бил воведен македонскиот јазик. Притоа свештениците ѝ се ставиле на располагање на народната власт.



Протојерејот-ставрофор Антим Поповски (Слатина, Дебарца, 1902– 31. III 1987, Скопје), заедно со свештениците Вељо Манчевски и Кирил Стојанов го организирал Првиот свештенички собир во октомври 1943 година, во село Издеглавје, на кој била донесена одлука за организирање на Македонска православна црква, како возобновена Охридска архиепископија и бил избран за прв архиерејски намесник за ослободената територика во 1943 година, во служба на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Антим Поповски е роден во 1902 година, во селото Слатино, Дебарца. Потекнува од свештеничко семејство, од татко свештеник – учесник во Илинденското востание во 1903 година. Како син на бунтовник, опасен за српската власт, Антим бил протеруван од школските управи и немал можност за ја заврши богословско-учителската школа во Битола.

Во неможност да се школува заминал на печалба во Белград. Таму го посетувал друштвото Вардар, организирано од македонските студенти. Во друштвото воспоставил контакти со Петре Пирузе, Петар Богданов – Кочко, Кузман Јосифовски-Питу и многу други Македонци, напредни личности, од кои го надоградувал своето знаење. Со своето однесување Антим ја освоил довербата на Кузман Јосифовски-Питу, кој заедно со Петре Пирузе во ноември 1941 година го организирале неговото запопување во Тирана кај владиката Кристофор.

Антим бил учесник во НОБ, во служба на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Тој е во проширениот состав на ГШ на НОВ и ПОМ и ја води комисијата за верски прашања. Заедно со свештениците Вељо Манчевски и Кирил Стојанов го организирал Првиот свештенички собир во октомври 1943 година во селото Издеглавје, на кој била донесена одлука за организирање на Македонска православна црква, како возобновена Охридска архиепископија. Свештеничкиот собир во Издеглавје претставува континуитет на непрестаната врска на црквата и свештенството со својот народ и неговата борба за народна и црковна слобода.

На 23 октомври 1943 во Издеглавје, Охридско, на собранието, на кое присуствувале 11 од 13 свештеници, а во присуство на претставници на повеќе народноослободителни одбори, биле донесени значајни одлуки. Свештениците и македонските христијани беа повикани да се вклучат во народноослободителното движење и со сите сили и средства да ја помагаат народната војска, Меѓу другото, било формирано и првото архијерејско намесништво на ослободената македонска територија, за прв намесник бил избран свештеникот Антим Поповски, а намесништвото било поделено на 9 парохии.

Протојереј-ставрофор Антим Поповски починал на 31 март 1957 година во Скопје.

Извор: Македонска нација и други историографски записи