Нема податоци колку присутни има на митингот во Солун кој е во тек и кој се одвива под слоганот „Македонија е грчка“, но агенции информираат дека имало повеќе од очекуваните 30.000 на платото пред споменикот на Александар Македонски.
Медиуми јавуваат за 500 автобуси што транспортираа „патриоти“ од внатрешноста кон „престолнината на Грчка Македонија“, но и за „загрижени поединци“ кои од грчките острови со брод, со коњи и со други превозни средства стигнаа на собирот за да изразат незадоволство од актуелната влада, која води преговори во насока на „допуштање“ на „грчкиот“ термин Македонија во името на северниот сосед, кој очекува годинава да стане членка на НАТО.
Пред десет години Грција со тогашниот премиер Костас Караманлис и „амазонката“ на грчката дипломатија Дора Бакојани поставија услов дека име со географска одредница и за секоја употреба би било задоволувачко решение за Грција.
Денес, десет години подоцна, постои поделеност меѓу политичките партии во Грција за евентуално идно решение кои се движат од евентуално допуштање на терминот, до оние кои го отфрлаат, наводно грчкиот термин Македонија, да биде било како вметнат во името на северниот сосед.
Проблемот не е в името туку во „сетот“ барања на Атина кој се однесува на идното именување на народот, јазикот, историјата, трговските ознаки кои би ги користеле соседите, изјави неодамна шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.
Премиерот Алксис Ципрас, вчера беше глабна вест по неговата изјава дека „Никогаш не постоела македонска нација“ за весникот „Етнос“, која подоцна беше денфувана со објаснувања дека тој мислел декавоантиката не постоеле ни амкедонски ниатинска ни… заборавајќи дека нациите се поојавуваат во 18 и 19 век и 2.300 години подоцна.
Помалиот коалиционен партнер во владата, националистичката „Независни Грци“ на лидерот Панос Каменос деновиве побара референдум за било кое речение кое би го договориле Атина и Скопје со посредство на медијаторот Метју Нимиц.
Оние кои денес протестираат во Солун, велат дека се поттикнати од патриотизмот и дека ниедна партија не стои зад нивниот револт.





