Најновите анкети во Грција можат директно да влијаат на решавање на спорот за името затоа што владеачката СИРИЗА е под силен притисок на опозициската партија Неа Демократија која што е во значително водство.
Во ситауција кога партијата на премиерот Ципрас има околу 12 % заостаток зад Неа Демократија на Киријакос Мицотакис тешко е да се очекува дека владата во Атина ќе влезе во сериозни преговори за името кои што можат дополнително да го нарушат нејзиниот рејтинг.
Според анкетата на Универзитетот Македонија од Солун а по нарачка на телевизијата Скај Нова Демократиаја е најпопуларна партија со 30,5 % пред СИРИЗА со 18,5 %.
На изненадување на грчката јавност според истражувањето трета најсилна партија веќе не е неонацистичката Златна Зора туку наследниците на некогаш најсилната партија ПАСОК кои што привремено се именуваат како Демократскa коалиција а допрва ќе го бираат своето постојано ново име. Сега ПАСОК има 8 % а Златна Зора 7 % популарност.
Враќањето на ПАСОК на политичката сцена се случува по новиот мандат на лидерката Фофи Генимата добиен на последниот конгрес на партијата одржан викендот.





