Анкара забрани ЛГДБ манифестации

ТУРЦИЈА ги забрани сите јавни настани организирани од ЛГБТ групи во Анкара, објави Асошиетед прес.



Забраната стапи на сила вчера и се однесува на сите ЛГБТ филмови, театарски претстави, панели или изложби.и ќе биде во сила „до понатамошно известување“.

Од уредот на гувернерот на Анкара, известиле дека властите ја донеле одлуката поради безбедносни причини.

Тие тврдат дека таквите настани може да предизвикаат непријателство меѓу социјалните групи поради „социјална чувствителност“.

Властите сметаат дека „здравјето и моралот”, како и правата и слободите, би можеле да бидат загрозени.