Анима Мунди бара затвор за лицето што до смрт го претепа Феликс

Мирен протест пред судењето на обвинетиот кој со стап го тепаше бездомното куче Феликс кое поради нанесените повреди подоцна угина во стационарот за бездомни кучиња Лајка, одржа денеска Активисти за правата на животните.



Тие побараа затворска казна за обвинетиот и поголема системска казнивост за малтретирање на животни.

– Тој ѕверски, со умисла, употреба на најголема сила и 10 удари со метална шипка по глава во заграден простор и без можност да се избави и спаси, удираше несреќно бездомно куче. До бесозание, со намера да оди до смрт за да потоа со помош на друго лице врзе и фрли како да е предмет и најобично ѓубре. Во друштво на четири полнолетни лица, мажи, мирно бездомно куче е удирано, најкрвнички и со сета сила, без било кој да интервенира додека кучето урлика од болка и не можејќи да избега или да се спаси; но затоа асистенти кога требаше околу врат да се врзе со метална жица, влече и фрли како ѓубре. Соучесници. И ова немаше да го видиме, ова немаше да го дознаеме да не беше снимено. ‘Љубе со другарите’ се ликот на секој еден кој во оваа држава се изживува, коле, беси, труе животно. А Феликс е секое друго животно, секое друго несреќно битие оставено само на себе да страда и умира во пеколни маки, душа која не успеавме да го спасиме. Молкот ги охрабрува и помага сторителите, никогаш оној кој е жртва. Ако ова само немо го набљудуваме, учествуваме во колективната деградација и дегенерација на се што е нормално, хумано, човечно во нашата држава“, велат од „Анима мунди“.

Здржението најави дека ќе поднесе иницијатива до Министерството за правда во Кривичниот законит да се опфатат дела како малтретирање на животни, борба со кучиња и напуштање на домашни миленици.

Кривична за тројца кои до смрт претепаа бездомно куче