Дел по дел, грчката страна, покакажува што сѐ се крие под намераната за промена на името на Македонија.
„Постои историска можност да се најде решение, но пЈРМ не може да продолжи да ги има сегашните учебници во училиштата“, вели грчки европратеник.
Никос Андрулакис истакна дека голема грешка која не смее да помине низ парламентот, е име „Нова Македонија“ за пЈРМ, вели грчкиот европратеник,
Тој се залага тој се залага за „комплексно име со географска дефиниција за сите употреби и во добрососедски услови“.
„Не се согласувам со име ‘Нова Македонија’”. Позицијата на нашата земја мора да биде сложено име со географска дефиниција за сите употреби, да нема иредентизам, со почитување на правилата за добрососедски односи и вистинската историја” вели Андрулакис.
Тој не испушти да го „искара“ Панос Каменос, лидерот на „Независни Грциа“, Панос Каменос, кој според него е опортунист кој „потпишува сложено географско име во програмскиот договор за 2015 година а сега игра комуникациски игри на сметка на националните интереси“.





