„Спорт во рамки на канцелариите нема да се практикува, постојат спортски сали за тоа“ вели во интервју за Радио слободна Европа, Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка во партијата.
Тој вели дека нему како правник ми пречи тоа што ова министерство се нарекуваше „за политички систем“.
И Собранието е политички систем, Владата, дури и судовите се политички систем, вели Андоновски.
„Беше чудно што еден министер е задолжен за цел политички систем во државата односно за еден ресор. Така што мислам дека ова ќе се трансформира само во Министерство за односи меѓу заедниците додека политичкиот систем има една малку поширока димензија.
Треба да има човек во Влада кој ќе се грижи за политички систем, но тоа да има една поширока димензија, а не ресорски со сектори и мислам дека оперативно ќе почне да работи ова министерство во смисла за правата на сите заедници.
На прашење на РСЕ дали ова место ќе биде „резервирано“ за идниот коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕм, Андоновски со одговор:
„Сметаме дека треба да се дефинираат надлежностите на ова министерство за вистински да се однесува на одбрана на правата на заедниците“:






