Андовска: Не сме и не можеме да сме ист народ, ни пред ни по Тито. Денешниот тежок ден е уште една потврда за тоа

Дарија Андовска, професорка и декан на Факултетот за музичка уметност од Скопје, со објава на Фејсбук за годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта во Треблинка.



„Не сме и не можеме да сме истиот народ, ниту пред, ниту после Тито.

Денешниот тежок ден е уште една потврда за тоа.

Ноќта помеѓу 10 и 11 март 1943 година,

7215 души, Евреи од Македонија, биле затворени од страна на бугарскиот фашистички окупатор во магацините на Државниот монопол, и тоа:

деца до 3 години: 539

– деца од 3 до 10 години: 602

– деца од 10 до 16 години: 1172

– старци преку 60 години: 865

– тешко болни врзани за постела: 250

– бремени жени кои се породиле во логорот: 4

– при самото пристигнување во логорот починале: 4,

а потоа депортирани во логорот Треблинка, каде сите биле задушени во гасни комори.

Вечно нека им се паметат имињата и никогаш да не се повтори“, порача Андовска.