Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, оцени дека предлог-законот за „бранителите“, што го презентираше пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, претставува „политички маневар за дневно-политички цели“.
„Злоупотребен е законот, состојбата на семејствата на загинатите бранители, кои до ден денес не се обештетени, состојбата на воените инвалиди кои до ден денес не се обештетени….“, рече Ангеллов за „Сител“.
Ангелов рече дека со законските решенија за кои се залагаат примарна цел е правично обесштетување на 15-те се уште необесштетени семејства на загинатите „бранители“ и 10 воени инвалиди.
„Втората цел се сите „бранители“, затоа што сите македонски „бранители“ кои ја бранеа татковината во 2001 година, имаат некакви права, макар и симболични, со кои државата ќе го признае тоа што го направиле, а трет момент е можното одликување од страна на претседателот на државата и врховниот командант, што беше најавено во предизборната кампања“, рече Ангелов.
Во однос на подготовката на предлог-текстот на законот, кој беше поднесен минатата година на иницијатива на „Достоинство“, а за кој пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска изјави дека е подготвен во нејзиниот кабинет додека била на функцијат на министер за одбрана, во координација со Ангеллов, првиот човек на „Достоинство“ изјави дека ова тврдење не е точно, нагласувајќи дека таа била информирана и поддржана, но дека законот го подготвил „Достоинство“.






