Pретседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, се огласи на социјалните мрежи по вчерашниот прв круг од претседателските избори на кој победи кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска, а Социјалдемократскиот сојуз забележа досега најнизок рејтинг на на нивен кандидат за шеф на државата.
„Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт.
Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата ‘Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ’.
Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ.
Овојпат ДУИ мора да падне!
Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата“!-напиша Ангелов на Фејсбук.
Ангелов, односно неговата партија „Достоинство“ пред еден месец ја напушти коалицијата предводена од СДСМ.






