Според германскиот таблоид Бунте, поранешната тенисерка Ана Ивановиќ (29) и нејзиниот сопруг, фудбалерот и поранешен капитен на Германија, Бастијан Швајнштајгер (32), го очекуваат своето прво бебе. Тоа треба да пристигне напролет следната година. И покрај тоа што веќе некое време се зборува за бременоста на Ана, двојката сѐ уште не ги потврдила среќните вести, ниту, пак, ги негирала.
Ана и Бастијан минатата година се венчаа во Венеција, а живеат во Чикаго, каде што Бастијан во моментот игра.



Убавата тенисерка во овој период престојува кај своето семејството во Србија, па сите сега ги очекуваат папараците и медиумите од Белград да проследат потврда за најавата која дојде од Германија.