„Какво добрососедство може да почувствува едно семејство со две мали деца кое тргнало да оди на одмор во Банско или во Охрид и притоа мора цел ден да се малтретира возејќи по грозни и небезбедни патишта и чекајќи со саати за да ја помине меѓудржавната граница, која, нели, треба да нѐ спојува, а не да нѐ раздвојува …!?“, прашува во текстот „Каква Бугарија, какво добрососедство, какви бакрачи…!“ на порталот mkd.mk, Емил Анастасов, кој заедно со професорот Ѓорѓе Марјановиќ во 1990 година ја основал Лигата за демократија.

„Во изминативе 3-4 месеци многу се изнаслушавме за Договорот за добрососедство со Бугарија. И нормално, владеачката гарнитура го слави и величи Договорот, а опозицијата, несмасно и завидувачки, се обидува да го негира целиот процес. Но, Договорот, веројатно поттикнат од меѓународната заедница, самата таа силно го поздрави и оцени дека Македонија е на вистинскиот пат за интеграција во НАТО и ЕУ. Сето тоа е во ред. Треба да живееме во добри односи со сите соседи. Ако со соседите не можеме да се сложиме, како ќе се сложиме со Германците, на пример….!??
Но, што обичниот граѓанин ќе добие од имплементација на Договорот со Бугарија!?? Слободно можам да кажам – ако ништо брзо не се промени, ќе добиеме едно големо – НИШТО!“, пишува Анастасов според кого е да се склучуваат договори за добрососедство, сето тоа е добра храна и можност за фалење на администрациите, но ако не се преземат конкретни чекори веднаш, ќе добиеме едно големо – НИШТО!
Целиот текст на Анастасов за порталот мкд.мк тука




